HomeОпштиниГрад Скопје: Завршени градежните работите на улица 40 во општина Шуто Оризари

Град Скопје: Завршени градежните работите на улица 40 во општина Шуто Оризари

spot_img
spot_img

Завршени градежните работите на улица 40, крак на булеварот Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари. По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари добиваат нова патна инфраструктура и решение за долгогодишните проблеми во овој дел од градот.

Град Скопје, планира на овој потег со меѓуопштинска соработка со Општината Шуто Оризари да отпочне со градежни активности и на улица 50, а веќе е завршена и улица 38, при што сите овие проекти се од витално значење за граѓаните чие барање се реализира по 30 години.

Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и да се реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел.

 

 

 

 

Извор:  Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте