HomeОпштиниБутел: Изјава на градоначалникот Костовски

Бутел: Изјава на градоначалникот Костовски

spot_img
spot_img

Градоначалникот Дарко Костовски во изјава за телевизија “Алфа”, во врска со изградбата на споменик за македонските бранители, кои загинаа во 2001 год. кај Љуботенски бачила, истакна дека Општина Бутел, денес започна да ја изработува целата документација за изградба на споменикот.

“Веднаш до кружниот тек во Бутел е локацијата на која треба да се изгради достоинствен споменик, за осумтемина македонски херои кои во 2001 година, во кукавичка заседа загинаа кај Љуботенски Бачила. Само на тој начин, нема да ја заборавиме нивната жртва за Република Македонија. Иако уредно беше поканета министерката за одбрана, таа одби да дојде и заедно да ја погледнеме локацијата. Се надевам дека нејзината потврда за изградба на овој споменик не е само декларативна. Времето ќе покаже. Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник, денес започнавме да ја изработуваме целата документација за изградба на споменикот”-изјави градоначалникот Дарко Костовски.

 

 

Извор: Општина Бутел 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија