spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Муцунски - Привршува изведбата на новиот спортски комплекс на „Островска“ во...

Аеродром: Муцунски – Привршува изведбата на новиот спортски комплекс на „Островска“ во Лисиче

По долги години стагнација и недостаток на инвестиции, ,,Островска” во Лисиче го добива еден од најубавите комплекси, современ и модерен спортско-рекреативен простор наменет за сите генерации.

Градоначалникот Тимчо Муцунски, заедно со претседателот на Советот Дејан Митески и советниците, денеска извршија увид во градежните активности кои се реализираат на оваа локација во Лисиче.

Инвестицијата која се реализира со средства од буџетот на Општина Аеродром предвидува нов спортски терен за фудбал и кошарка, детско игралиште, поставување на павер елементи, клупи, осветлување и нови садници во целиот простор.

„Ветивме рамномерен развој на сите населби и маала во Аеродром и големо е задоволството кога проектите го добиваат својот финален изглед. Повеќенаменскиот комплекс претставува реализација на уште еден проект во овој инвестициски циклус преку кој создаваме современи услови кои го унапредуваат секојдневното живеење на граѓаните.“, напиша градоначалникот Муцунски на својот Фејсбук профил.

Прочитајте

МЈА: Прес-конференција на Министерот за јавна администрација / Konferenca për shtypin...

0
Во денешното излагање на Прес-конфернција за медиумите, Министерот за јавна админситрација, Горан Минчев, изјави: "Како што веќе знаете дека врз основа на Законот за изменување...