HomeОпштиниПетровец: Пуштена во употреба бушотина во Дивље

Петровец: Пуштена во употреба бушотина во Дивље

spot_img
spot_img

Во населеното место Дивље се пушти во употреба уште една бушотина која се приклучи во системот за снабдување со вода на ова населено место. Со приклучокот на оваа бушотина која има капацитет за 24 часа да наполни 90.000 литри (90 тона) вода, се решава во целост проблемот за водоснабдување на ова населено место.

Во должина од 700 метри се постави и нова водоводна мрежа која треба да го покрие со водоснабдување и останатиот дел од ова населено место. Финансиските средства за овој проект во висина од 1.100.000 денари во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Извор: Општина Петровец 
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија