spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Завршено поставувањето фекална мрежа на улица „43“ во Волково

Ѓорче Петров: Завршено поставувањето фекална мрежа на улица „43“ во Волково

Општина Ѓорче Петров го заврши поставувањето фекална канализација на улицата „43“ во Волково.

На оваа улица во должина од 200 метри во моментов се врши приклучување на околните куќи на мрежата.

-Нашите планови се улиците каде е неопходна интервенција да бидат опфатени веднаш и според урбанистичките програми за работа. Неодамна, Општина Ѓорче Петров заврши голем дел од фекалната и атмосферска канализација на улицата „Радушка“, а стартувавме и со целосна реконструкција на крак од истата улица – соопшти градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...