spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Завршуваат градежните активности во основните училишта

Гази Баба: Завршуваат градежните активности во основните училишта

Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на ООУ “Крум Тошев” во населеното место Трубарево каде што се во тек градежно – занаетчиски работи за подобрување на условите во училиштето.
– Извршена е целосна замена на санитаријата,
– поставени се лед светилки во сите кабинети,
– се изврши комплетно молерисување на сите простории во училиштето,
– целосно се уреди училишниот двор и
– се направи санација на оградата на училиштето.
Изминатиот период градежно – занаетчиски работи се извршија во скоро сите основни училишта на територија на општина Гази Баба.
 Новата учебна година учениците ќе ја започнат во подобри услови.

Прочитајте