Првиот училишен ден е денот кога првачињата го паметат и го поминуваат низ забава.
И оваа година, сите првачиња на 1 септември ќе добијат високо квалитетен анатомски ранец, со потребен училишен прибор за непречен почеток на учебната година.
Овој училишен пакет има за цел да им овозможи на родителите финансиско олеснување, за коешто би требало да издвојат околу 6000 денари. Покрај тоа, сите ученици во општинските основни училишта ќе добијат и униформи.
Заедно со високо квалитетниот анатомски ранец, овој пакет ќе содржи и тетратка за почетно пишување, помагало за броеви, блок, самолеплива колаж хартија, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка.
Ова е втора година од постоењето на Општина Бутел, во којашто се обезбедува ранец и училишен прибор за секое прваче,во општинските основни училишта.
Извор: Општина Бутел