spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Обезбеден бесплатен таблет уред за секој ученик од четврто одделение

Аеродром: Обезбеден бесплатен таблет уред за секој ученик од четврто одделение

Втора година по ред, Општина Аеродром обезбеди бесплатен таблет-уред за секој ученик кој посетува настава во четврто одделение во некое од општинските основни училишта.

За ова информираше градоначалникот на општината Тимчо Муцунски преку својот фејсбук-профил, истакнувајќи дека со овој проект се создаваат услови за непречено одвивање на наставата, но и директна помош за учениците во совладувањето и правилното користење на новите технологии.

„Особена чест ми е што оваа мерка се реализира и оваа година, во услови кога владата не може да обезбеди учебници за почеток на учебната година, кога не гледаме никакви инвестиции во образовната инфраструктура и сведочиме на стагнација во образованието и науката. Од 1 септември, сите ученици во Општина Аеродром ќе ја почнат наставата во реконструирани објекти, со нови униформи, таблет-уреди, како и најсовремени услови за спорт и рекреација“, напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил.

Линк од објавата: bit.ly/45iT6eU.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...