spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Реконструиран паркинг просторот за жителите на улицата „Његошева“

Карпош: Реконструиран паркинг просторот за жителите на улицата „Његошева“

На иницијативана локалната самоуправа,  завчера беше изведена завршната фаза од реконструкција на паркингот кој се наоѓа на улица „Његошева“,  во населбата Тафталиџе 2.

Градежниот зафат го реализираше фирмата „ЛЕНДИ ГРУП“, а паркинг просторот опфаќа површина  од 1120 м2 и има должина од 117 метри. За оваа намена, Општина Карпош обезбеди финансиска конструкција во висина од 1.067.497.00 денари. Општината продолжува да работи во насока на решавање на сообраќајниот метеж, обезбедување на повеќе слободни паркинг места за своите жители, како и на  подобрувањето на инфраструктурните услови на своја територија.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и...

0
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и...