На седницата на советот на Општина Бутел беа донесени неколку значајни одлуки меѓу кои:
- Одлука за основање на ново општинско основно училиште, коешто ќе го носи името “Визбегово”, во населеното место Визбегово. Во ООУ “Визбегово” ќе се организира и остварува деветтогодишно основно образование, согласно Законот за основно образование. Конечно, после долги години ветување Визбегово ќе добие општинско основно училиште.
- Одлука за финансиска награда за општинските работници, кои во текот на невремето работеа неуморно и прекувремено.
Советот на Општина Бутел работи и донесува одлуки во интерес на граѓаните на Општина Бутел.
Извор: Општина Бутел