spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Нови инвестиции во инфраструкурата за образование и социјална заштита

Аеродром: Нови инвестиции во инфраструкурата за образование и социјална заштита

Пред почетокот на учебната година, Општина Аеродром заврши со реконструкција на внатрешноста на основното училиште „Браќа Миладиновци“, додека во завршна фаза е реконструкцијата на фасадата на детската градинка „Пчелка 2“.

Станува збор за инвестиции кои се целосно финансирани од буџетот на Општината и проекти изведени согласно највисоките стандарди.

Во следниот период започнува и реконструкцијата на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во населбата Долно Лисиче. Со ова, завршува уште еден инвестициски циклус кој се реализира во текот на 2023 година, а кој вклучуваше низа проекти реализирани и поврзани со инфраструктурата и воспитно-образовниот процес.

Преку инвестициите во инфраструктурата поврзана со воспитно-образовниот процес, креираме подобри услови за растење, развој и образованието на младите од Аеродром. Тие се иднината на општината, а ова се проекти со кои даваме поддршка кон создавање здрава и едуцирана младина.

 

 

 

Извор: Општина Аеородом

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...