spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Започнавме со асфалтирање на локални улици во Хиподром 2

Гази Баба: Започнавме со асфалтирање на локални улици во Хиподром 2

Градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за асфалтирање во новата населба Хиподром 2 каде конечно го решивме долгогодишниот проблем на жителите.
Овој проект го реализираме согласно Договорот за заем за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта помеѓу Република Македонија и Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка, преку Министерството за транспорт и врски.
Со проектот во патната инфраструктура инвестираме финансиски средства во висина од 45.013.572 денари како грант за Општина Гази Баба преку Светска банка.
Дополнително како локална самоуправа спроведуваме постапка со која ќе инвестираме дополнителни 73.000.000 денари средства од буџетот на Општина Гази Баба за доизградба на останатата инфраструктурата во Хиподром 2.
 Благодараме на жителите од Хиподром 2 за разбирањето и соработката која ја имавме во текот на изминатиот период.

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...