spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Се реализира уште еден стратешки проект од програмата - Отпочнаа...

Град Скопје: Се реализира уште еден стратешки проект од програмата – Отпочнаа испитувањата и студијата за магистралните водоводни цевководи

Се реализира уште еден стратешки проект од програмата на Град Скопје – отпочнаа испитувањата и студијата за магистралните водоводни цевководи. Градоначалничката Данела Арсовска, ја промовираше изработката на стратешката Студија за дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600 која е ветување од програмата За модерно Скопје и која се прави за прв пат од нивната изградба.
– Вакви темелни испитувања од кои податоци ќе произлезе студија за магистралните водоводни цевководи не се направени 60 години. Водоснабдувањето на град Скопје се темели на значителни количини на вода кои се расположливи од двата каптажни објекти на изворот Рашче, а водата се движи преку двa челични цевководи. Се анализира состојбата на самите цевки во нивниот надземен и подземен дел, состојбата на објектите кои се изградени за правилна експлоатација на цевководот односно армирано бетонските шахти со хидро машинска опрема, мостовската конструкција на надземниот дел од цевководот, како и опремата за активна катодна и останата заштита. Истакнувам голема благодарност на експертите и професорите од Машински факултет за сите заложби да добиеме прецизна студија за магистралните водоводни цевководи кои се изградени пред 60 години, а студијата треба да даде информации какви мерки треба да се преземат за да се превенираат несакани појави во иднина и да се имаат сите информации за овие клучни цевководи во Скопје. – нагласи градоначалничката Арсовска при посетата на терен.
Суштината на изработката на стратешката  студија е утврдување на состојбата на двата главни магистрални метални цевководи. Едниот цевковод кој оди по булеварот Партизански Одреди, и другиот по булеварот  Словенечка и булеварот Босна и Херцеговина. Имајќи предвид дека цевките се челични и се градени во пост-земјотресниот период започнати во 1964 година, при што со нивната 60 годишна функционалност, со оваа студија би се добила детална слика за состојбата и би се оформиле насоки за идни потреби на инвестиции во овој сегмент.

Прочитајте