Врз основа на Решение бр. 18-1052/2 од 26.10.2023 година, Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на 2 (двајца) кариерни советници, за учество на Еврогајденс студиска посета
од 20-21 ноември 2023 во Белград, Србија.
Согласно усвоената Еврогајденс програма, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност објавува повик за избор на 2 (двајца) кариерени советници, за учество на Еврогајденс студиска посета од 20-21 ноември 2023 во Белград, Србија.
Трошоци за учество
Националната агенција се обврзува да ги покрие целосно трошоците за настанот. Самиот учесник (индивидуално) е должен да си обезбеди патничко осигурување.
Критериуми за аплицирање
– Лицето да е сертифициран кариерен советник
– Лицето да има искуство над 5 години со кариерно советување
– Лицето да има познавање на англиски јазик и ИКТ алатки;
Начин на аплицирање
Кандидатите е потребно да ги достават следните податоци најдоцна до 15.09.2003 год, на е-маил адресата anаbela.dimoska@na.org.mk
• кратка биографија – Европас
• Сертификат за лиценциран кариерен советник
• Свои податоци: име и презиме, телефонски број, е-маил, адреса на живеење
Општи мерки за спречување на корупцијата
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во постапката за избор на 2 (двајца) кариерни советници, за учество на Еврогајденс студиска посета
од 20-21 ноември 2023 во Белград, Србија и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата. Доколку постои основано сомнение во врска со корупција во постапката може да пријавите на следната е-пошта: ukazuvaci@na.org.mk и nepravilnosti@na.org.mk.
Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност