Во тек е постапка за комплетна реконструкција на спортската сала во Валандово. Истата ќе се реализира од страна на ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово и ќе опфаќа:
– санација на кровната конструкција;
– обновување на подот;
– реконструкција на тоалетите;
– нова фасада;
– молеро – фарбачки работи во целокупната внатрешност;
– замена на санитарии;
– нова опрема за гимнастика, нови стативи за ракомет и фудбал и останата спортска опрема;
– решавање на проблемот со атмосферските води;
– поставување на соларен систем и
– нови столчиња за трибините;
Инвестирањето во овој исклучитечно важен објект за спортот и зајакнувањето на условите за учениците е приоритет. Продолжуваме да креираме подобри услови за секој еден човек.
Извор: Општина Валандово