spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Започна инцијативата Walk & Talk за подигање на свеста за менталното...

Валандово: Започна инцијативата Walk & Talk за подигање на свеста за менталното здравје кај младата популација

По повод Меѓународниот ден на менталното здравје, градоначалникот Перо Костадинов заедно со Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани и наши ученици беа дел од иницијативата Walk & Talk која се реализираше во Валандово.

Многу деца и млади луѓе во светот и кај нас, како последица од брзите општествени промени, брзиот развој на дигиталните технологии, како и пандемијата со Ковид-19, имаат психолошки проблеми, страдаат сами и не барат помош, поради страв од јавна осуда.

„Затоа, чекориме, другаруваме и поттикнуваме на соочување со менталните проблеми со поддршка од целокупното општество. Ја подигаме свеста за менталното здравје и промовираме инклузивна култура која ги охрабрува луѓето да зборуваат и да побарат помош кога имаат потреба.“ – порача градоначалникот преку социјалните мрежи.


 

 

Извор: Општина Валандово 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....