HomeОпштиниИлинден: Со засадување на декоративни садници се вклучи во одбележувањето на Светскиот...

Илинден: Со засадување на декоративни садници се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на климатските промени

spot_img
spot_img

По повод одбележувањето на 4 ноември Светски ден на климатеските промени, Општина Илинден активно се вклучи со неколку активности со цел подигнување на јавната свест во зачувувањето на животната средина.

Во текот на вчерашниот ден во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“ беа засадени декоративни садници во делот околу спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден. Во акцијата за садење се вклучија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, директорот на ЈКП „Илинден“, Борче Мицановски, општинската администрација, вработените во колуналното претпријатие, како и здружението Зелена Градба Асоцијација (ГБА). Покрај засадените садници, со садење на цвеќиња се уредуваше и училишниот двор во ПООУ „Гоце Делчев“ во Илинден.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на климатските промени во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа и годишна конференција на здружението Зелена Градба Асоцијација на која присуствуваше и градоначалникот Георгиевски, како и претставници од бизнис секторот, претставници од амбасади но и претставници на повеќе здруженија поддржувачи на здружението ГБА.

4 Ноември, Светскиот ден на климатските промени, е ден кога низ целиот свет се организираат различни активности и кампањи кои имаат за цел да го предупредат населението на негативните последици што ваквите промени можат да ги предизвикаат.

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија