Општина Илинден и оваа година продолжува со поддршка на земјоделците преку вршење на бесплатни анализи на почва. За таа цел Општината во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) од Скопје објави Јавен повик за пријавување на земјоделци за спроведување на бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва, со цел унапредување на земјоделството во Општина Илинден
Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски целта на овој проект е земјоделците од Општина Илинден да добијат информации за квалитетот на почвата која ја обработуваат кои се потребни за: правилно, навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, намалување на загадувањето на почвата и подобрување на квалитетот на производите. Овој проект како дел од Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022-2026 ќе се спроведува континуирано со цел да се опфатат повеќе земјоделци и да се добијат подетални информации за квалитетот на земјиштето на цела територија наОпштина Илинден.
Поради тоа ги покануваме сите заентересирани граѓани да се пријават на Јавниот повик и да ја искористат можноста да добијат бесплатни агрохемиски анализи на квалитетот на нивната почва, со толкување на резултатите од страна на стручни лица од Факултетот за земјоделски науки.
На Јавниот повик кој Општина Илинден го објави на 01 ноември и ќе трае до 15 ноември 2023 година, заинтересираните можат да да поднесат пријава со прилог копија од лична карта и Имотен лист за катастарската парцела на која сакаат да се изврши испитувањето, а право на учество имаат сите жители со живеалиште на територија на Општина Илинден а изборот ќе се изврши според принципот „ прв дојден прв услужен“.
Извор: Општина Илинден