spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Приоритет е подобрување на инфраструктурата и развој на транспортот

МТВ: Приоритет е подобрување на инфраструктурата и развој на транспортот

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и државниот секретар на Министерството за транспорт и врски, Митко Трајчулески вчера остварија работна средба со претставници од Светска Банка.

 

На средбата се разговараше за инфраструктурните проекти кои се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка.

 

Министерот Бочварски информираше за досегашната реализација, со посебен фокус на проектот за „Олеснување на транспортот и трговијата на Западен Балкан“.

 

Во рамки на овој проект, веќе од следната година, предвидено е да се изврши рехабилитација на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, односно проширување на граничните премини со нови коловозни ленти, како и модернизација на кабините на вработените при Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа.

 

Исто така, на средбата Министерот информираше и за проектот за имплементација на Интелигентен транспортен систем (ИТС), кој ќе започне да се реализира наредната година на дел од Коридорот 10.

 

„На средбата разговаравме за реализацијата на капиталните проекти финансирани од Светска банка. Имаме навистина значајни проекти кои ќе придонесат многу во развојот на транспортот во Северна Македонија и ќе ја подобрат ефикасноста на граничните премини и на патиштата. Очекуваме Банката и во следниот период да биде силен поддржувач на нашата држава во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура”, изјави министерот Бочварски.

 

На средбата се отвори прашањето и за проектот за воспоставување на едношалтерски систем што ќе биде во функција на неколку државни институции како дел од проектот за олеснување на транспортот и превозот на патници.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...