spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градоначалничката Данела Арсовска вчера учествуваше во еко акција заедно со Ротари клуб Скопје Водно и ЈП „Паркови и зеленило“ за садење во парк шумата Водно.

Во рамките на оваа заедничка есенска акција ќе се засадат над 100 дрвја на повеќе локации во парк шумата, со цел зазеленување, пошумување и зголемување на шумскиот фонд.

Сите акции за пошумување се повеќе од добредојдени во Скопје, со цел заштита на животната средина, а садењето нови дрвја и садници, уредување нови зелени паркови површини и зелени коридори е еден од приоритетите од програмата За модерно Скопје, за која цел континуирано реализираме активности за остварување на овие цели.

Во тек е реализација на големата есенска акција за садење и за уредување на градското зеленило, а оваа акција е во согласност со нашите програмски заложби да го направиме Водно зелен штит на Скопје.

 

Град Скопје континуирано работи на заштита, зачувување, одржливо и совесно однесување кон природните убавини на планината Водно со цел подобрување на целокупната грижа за планината.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Владата одлучи, се ограничува бруто профитната маржа на...

0
Почитувани медиуми, Почитувани граѓани,  Како што и претходно најавив, сакам да ве известам дека на предлог на Министерството за економија и труд, Владата на денешната седница...