spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Асфалтирана раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци

Илинден: Асфалтирана раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци

Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци.

Со градежните активности се работеше на најоштетениот дел од раскрсницата во должина од околу 200 метри, пришто се изврши целосна замена на тампонската подконструкција на патот, поставен е втор асвалтен слој, а ќе биде поставена хоризонтална и вертикална патна сигнализација.

Оваа раскрсница е клучна во функционирањето на патниот сообраќај во Општина Илинден затоа што ги поврзува силе населени места во Општината и има многу интензивен сообраќај на овој локален пат.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта и на други локации, затоа што патната инфраструктура е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...