spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБогданци: Заедно креираме Буџет за 2024 година

Богданци: Заедно креираме Буџет за 2024 година

Општина Богданци е во фаза на подготвување на  Буџетот за 2024 година.

Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните во креирање на  Граѓански Буџет , отворени се електронски алатки преку кои секој ѓраѓанин сопствените  предлози и идеи може да ги достави.

Предлозите и идеите  од денес ќе може да се достават со пополнување на

  1. Анкетниот прашалник. —>линк
  2. На архивата во општина Богданци

На овој начин креираме Буџет на кој приоритетите ги одредуваме заеднички.

Истовремено Градоначалникот на општина Богданци ќе оствари средби/сесии со граѓаните по населените места, со следниот распоред:

20.11.2023 година

19:00 до 20:00 часот во с. Стојаково  (во дом на култура)

22.11.2023 година

19:00 до 20:00 часот во с. Ѓавото (во основното училиште)

23.11.2023 година

19:00 до 20:00 часот во с. Селемли  (Месна заедница)

24.11.2023 година

19:00 до 20:00 часот во Богданци  ( Дом на култура „Бранд Петрушев”)

Сите  Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

Сите реално остварливи предлози, идеи, пристигнати по електронски пат и по пошта како и од одржаните форумски сесии во наредниот период   ќе бидат разгледани и интегрирани во Буџетот  за 2024 година.

 

Избор: Општина Богданци 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...