Во понеделник, 20.11.2023 година, започнува санација на фекална канализација и оштетен асфалт на дел од улицата „Киро Ќучук“, на потегот од спој со улица „Белградска“ до спој со улица „Петре Милевски“.
Поради изведување на градежните работи, по улицата нема да се одвива сообраќај, на улицата ќе биде поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.
Во зависност од временските услови, градежните зафати ќе се изведуваат околу 10 дена.
Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да покажат разбирање и трпение со цел непречено одвивање и навремено изведување на градежните работи.
Извор: Општина Велес