spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Соопштение

Град Скопје: Соопштение

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчера го отвори настанот за добро управување на локално ниво во Западен Балкан, во организација на ОЕЦД СИГМА.

– Град Скопје како водечка институција во доброто управување во локалната самоуправа, со заложбите на градската администрација добиваат признанија во меѓународни рамки. Посветено работиме на подобрување на услугите со цел отстранување на административните бирократски бариери за кои најчесто имаат забелешки граѓаните и приватниот сектор.

Во пристапниот процес кон ЕУ претстои надминувaње на голем број предизвици, а наш приоритет е обезбедување квалитетни услуги за граѓаните – истакна Арсовска на отворањето на тркалезната маса.

Во рамките на настанот од страна на ОЕЦД СИГМА беа претставени новите принципи за управување на повеќе нивоа како нов сегмент во рамките на јавната администрација, и соработката во насока на градење доверба во јавните институции, со размена на искуства помеѓу повеќе институции од Европа, во однос на тоа како да координираат и соработуваат локалните и регионалните власти за овозможување подобра реализација на проекти. На настанот учествуваа претставници од централните и локалните власти од Западен Балкан, како и претставници од меѓународни организации.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Митева: Целта на Влада е да го трансформира македонското општество во...

0
Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Денешната прес-конференција е посветена на развојната компонента на предлог буџетот во делот на дигитализацијата. Нашата цел како Влада е да го...