spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Засадени 11000 садници на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена...

Илинден: Засадени 11000 садници на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден успешно ја спроведе големата  акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акција за пошумување се реализира на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари летово и беше уништена шума во површина од 30 ха.

Во оваа акција за збогатување и обновување на шумскиот фонд, засадени се 11 000 садници од видот багрем, а учествуваа голем број граѓани, ученици, јавните претпријатија, општинската администрација како и општествено одговорни компании. Целта е да се обнови шумата и заеднички да ја  подигнеме еколошката свест за здрава и чиста животна средина чии придобивки ќе ги чувствуваме сите ние но и генерации по нас.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски присуствуваше на акцијата и истакна дека обврска на секој од нас е активно да се грижи во подобрување на еколошката свест, со цел да допринесеме да имаме чист воздух и здрава животна средина, такашто во таа насока ваквите еколошки акции ќе продолжат и во иднина да се реализираат.

Градоначалникот Георгиевски упати и голема благодарност до општествено одговорните компании Џонсон Мети, Хавеп Импекс, Пекабеско, Еко Дани Трејд и Тримил Р, МАН, СИГО, Фреш фарм и Рио кафе, кои ја покажаа грижата за екологијата преку донирање на овие садници.

Заштитата и унапредувањето на животната средина претставува еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...