spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Изградба на ново детско катче во н.м Гоце Делчев

Гази Баба: Изградба на ново детско катче во н.м Гоце Делчев

Со реализацијата на овој проект – изградба на ново детско катче во населеното место Гоце Делчев овозможуваме уште едно катче за забава на дечињата од ова населено место.
Градоначалникот Бобан Стефковски направи увид на тековната работа за изградба на ова катче и истакна дека како одговорна локална самоуправа се грижиме за најмладите жители на општината, а за тоа говори фактот што во изминатите две години изградивме и реконструиравме 41 детско забавно катче низ населените места во Општина Гази Баба.
Продолжуваме со грижата кон нашите најмили. Во буџетот за новата 2024 година ќе предвидиме средства за изградба и реконструкција на повеќе од 15 детски катчиња.

Прочитајте

МЕП: Средба на министерот Муртезани и заменик-министерката Трајков со со романската...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани заедно со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков одржаа средба со амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела...