spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМТСП: Тренчевска - Антикризните мерки се за помош на граѓаните со најниски...

МТСП: Тренчевска – Антикризните мерки се за помош на граѓаните со најниски примања

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со пратеничката Даниела Колева денес се сретнаа со над 40 пензионери во Кавадарци и лично ги информираа пензионерите за поддршката предвидена со деветтиот пакет на антикризни мерки.

Министерката објасни дека примателите на пензија до 14.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од 5 месеци, примателите на пензија до 14.001 денари до 16.000 денари ќе добијат финансиска поддршка од 2.000 денари месечно, за период од 5 месеци и дека третата група на пензионери кои ќе добијат поддршка се примателите на пензија до 16.001 денари до 19.000 денари и истите ќе добијат финансиска поддршка од 1.500 денари месечно, за период од 5 месеци.

„Донесовме антикризни мерки за да ги помогнеме сите пензионери кои се со ниски примања. Овие мерки се обезбедени од посебна програма на Владата за антикризни мерки и парите се директно обезбедени од централниот Буџет. Мерките ги носиме за поддршка, а во меѓувреме ја задржуваме стабилноста на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување“ рече Тренчевска.

Министерката на средбата потсети и на времето кога исплатата на пензиите на месечно ниво се реализираше во три различни датуми.

„Како Влада работиме на системски решенија и мерки кои директно го подобруваат квалитетот на живот на најранливата категорија на пензионери. И самите сте сведоци дека со Ковид кризата имаше предвремено исплаќање на пензиите и дека по завршувањето на истата пензиите продолжија да се исплаќаат секој први од месецот“ изјави Тренчевска.

На крај министерката посочи дека работата на Работната група продолжува со цел изнајдување на соодветно решение за минималната пензија.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...