Поддршката на младинското учество во развивањето на ефективни младински политики и носењето одлуки заедно со институциите е значајно за обезбедување на подобар живот на младите и за јакнење на демократските капацитети во нивната заедница. Младите треба да бидат активни и ангажирани затоа што нивното учество го гледаме како дел од решенијата за подобар и побезбеден свет.
Земајки ги во предвид специфичните потреби, барања и интереси на младите од локалната заедница Агенцијата за млади и спорт преку реализација на проектот “Поддршка на младинското учество во животната средина и климатските промени ” финансиски поддржан од УНИЦЕФ , во соработка со Општина Гевгелија, Службеникот за млади и Локалниот младински совет на 5.12.2023 во Народен Театар Гевгелија го презентираше предлог(нацрт) на еко-решението за поставување на паметни смарт еко клупи на 4 локации во градот, предлог одбран од страна на младите на еко-работилницата која беше одржана на 6.10.2023.
Проектот беше поздравен од страна на сите присутни, а Претседателот на Советот на Општина Гевгелија г-динот Патрик Матх кажа дека лично и професионално ќе се заложи овој проект кој е произлезен од страна на младите да биде реализиран во текот на наредната година.
Извор: Агенција за млади и спорт