spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Се одвиваат градежни активности за изградба на Атлетски борилишта

Гази Баба: Се одвиваат градежни активности за изградба на Атлетски борилишта

ООУ “Наум Наумовски Борче” е првото основно училиште во Република Македонија во рамките на кое ќе има професионални Атлетски борилишта.
Градоначалникот Бобан Стефковски беше во посета на училиштето каде се одвиваат градежните активности за изградба на Атлетски борилишта во кои се вклучени:
Атлетска патека за трчање на 100м со четири стази,
Сегмент за скок во далечина и
Сегмент за фрлање ѓуле.
Градбата на Атлетските борилишта е на најсовремена тартан подлога.
ООУ Наум Наумовски Борче е првото основно училиште во Република Македонија во рамките на кое ќе има Атлетски борилишта кои овозможуваат учениците да се натпреваруваат во повеќе атлетски дисциплини.
Училишниот спорт е важен сегмент во образованието на учениците и токму поради тоа инвестираме во подобрување на спортската инфраструктура во рамките на училиштата.

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...