spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Алиу - Ја конкретизираме соработката со Меѓународната унија за телекомуникации (ITU)...

МИОА: Алиу – Ја конкретизираме соработката со Меѓународната унија за телекомуникации (ITU) за дигитализација на нашата држава

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, се наоѓа во работна посета на Дубаи, за време на која одржува значајни средби со различни меѓународни претставници од областа на информациско комуникациската технологија.
На денешната средба со Марио Маниевич – Директор на Одделот за развој на стандарди при Меѓународна унија за телекомуникации (ITU), разговорите беа фокусирани на владините стратегии и политики за подобрување и ширење на дигитализацијата во јавните услуги и приватниот сектор на нашата земја.
,,Го презентирав целиот развој остварен од нашата земја во областа на дигитализацијата, законите, новите проекти кои планираме да ги реализираме во однос на користењето на информатичката технологија за унапредување на административните процеси и обезбедување полесен пристап за граѓаните и бизнисите. Една од клучните точки на дискусија беше конкретната соработка со ITU за зајакнување на имплементацијата на политиките и технолошките стандарди во согласност со меѓународните ориентации. Заедно се согласивме за создавање работни групи во Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со ITU, за креирање на акционен план за соработка за имплементација на ДАП+ и инфраструктура за подобрување на брзината на интернетот во нашата земја“, истакна министерот Алиу.

Прочитајте

Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете...

0
Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Драги пријатели, Денес имам чест да го поздравам мојот колега, премиерот Виктор Орбан, кој заедно со својата делегација е во дводневна...