spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Отворен ден за граѓаните за креирање на буџетот за 2024 година

Аеродром: Отворен ден за граѓаните за креирање на буџетот за 2024 година

Во сабота (16.12), во периодот од 10 до 12 часот, просториите на Советот на Општина Аеродром ќе бидат отворени за сите кои сакаат да ги презентираат своите предлози и идеи пред градоначалникот и советниците, со цел креирање на буџет кој ќе биде скроен во согласност со потребите и барањата на граѓаните.

Овие средби се организираат втора година по ред, а со нив уште еднаш се потврдува заложбата на општината за транспарентно работење, отвореност за сугестии, како и градење на инклузивен процес за креирање политики кои ќе ги адресираат сите проблеми и предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...