spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Пуштено во употреба ново детско катче во Мршевци

Илинден: Пуштено во употреба ново детско катче во Мршевци

Општина Илинден го пушти во употреба новото детско катче во населеното место Мршевци. Станува збор за детско игралиште на кое се поставени нови детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина,  нова заштитна ограда, како и терен за баскет кој е во финална фаза.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети игралиштето и истакна дека, Општината работи на изградба и реконструкција на детски игралишта, со цел најмладите жители од сите населени места да добијат убаво и безбедно место за игра и забава, каде ќе можат да го поминуваат слободното време.

Општината и во наредниот период ќе продолжи со поддршка на спортот и реализација на инвестиции во спортската инфраструктура и во останатите населени места.

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...