spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: На почетокот на следната година, стартува доградбата и надградбата на основното...

Аеродром: На почетокот на следната година, стартува доградбата и надградбата на основното училиште „Блаже Конески“

Капиталните проекти во делот на образовната инфраструктура се уште една потврда за заложбата на Општина Аеродром да обезбеди модерен и современ образовен процес каде учениците и наставниот кадар ќе имаат соодветни услови за реализација на наставата. Во таа насока, на почетокот на 2024 година започнува надградбата и доградбата на основното училиште „Блаже Конески“.

Доградбата ќе се одвива во две фази за да се овозможи функционалност на објектот во текот на целата година. Проектната документација предвидува доградба на 26 училници, 13 наставнички кабинети, голем централен хол, просторија за библиотека, дополнителна спортска сала и трпезарија со кујна на вкупна површина од околу 2500 квадратни метри. Делот од училиштето кое е во добра состојба ќе биде задржан во постојниот габарит и истиот ќе биде поврзан со топла врска со новоизградениот објект.

Градоначалникот Муцунски на својата Фејсбук страна истакна дека проектите во образовната инфраструктура се инвестиции во младите, иднината на општината и државата и дополни дека завршување на доградбата и надградбата значи и реализација на едно важно ветување пред граѓаните и проект со кој директно ќе се овозможи модерен и современ образовен процес за сите ученици.

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...