HomeОпштиниПетровец: Асфалтиран пат во Средно Коњари

Петровец: Асфалтиран пат во Средно Коњари

spot_img
spot_img

Во населеното место Средно Коњари се асфалтираше патот од клучката на автопатот до мостот на реката Пчиња. Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски, заедно со заменик градоначалникот – Елми Ќерими, претседателот на Советот – Блаже Никчевски и дел од советниците од Советот на Општина Петровец беа присутни на асфатирањето на патот.

 

Присутни беа и поголем број на жители од населеното место Средно Коњари кои остварија кратка средба со градоначалникот и му упатија благодарност за оствареното ветување. Градоначалникот Митевски истакна дека за краток период треба да се завршат уште неколку улици во неколку други населени мести, бидејки истите ги ветил во предизборната кампања. Средствата за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

 

 

 

 

Извор: Општина Петровец

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте