На првиот работен ден од новата 2024 година започнавме со промена на целата урбана опрема на плоштадот во Автокоманда.
Во првата фаза се врши промена на клупите и корпите за отпадоци, а во втората фаза ќе се постават и нови канделабри за осветлување на плоштадот.
Со оваа активност поставуваме нова модерна урбана опрема со која му даваме нов модерен лик на плоштадот во Автокоманда.
Извор: Општина Гази Баба