spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи- Филипиду

МНР: Средба Османи- Филипиду

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес во својот Кабинет ја прими грчката амбасадорка во земјава, Софија Филипиду.

На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваат односите меѓу двете соседни земји, плодната соработка во повеќе области и взаемната подготвеност за нивно продлабочување.

На средбата беа разменети мислења за актуелните политички состојби, а беа разгледани и мерките и активностите кои Владата ги спроведува во насока на имплементација на обврските од Преспанскиот договор.

Недвосмислената поддршка на Грција за европската интеграција на земјата, соработката во рамки на НАТО Алијансата и други меѓународни организации како и регионални иницијативи беа исто така теми на разговор на средбата.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Велес: Фотоволтаични панели и за ООУ „Св. Кирил и Методиј“

0
Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ постави фотоволтаични панели на покривот на училишната зграда за производство на сопствена електрична енергија. Фотоволтаиците се донација...