Градоначалникот Дарко Костовски присуствуваше на два одлични натпревари во кошарка и ракомет.
Убедлива победа на КК “Бутел” против екипата на КК “Маџари” со резултат 123 – 52, во борбата за влез во втората лига.
РК “Бутел” со резултат од 29 – 30 во крајно неизвесен меч загуби од екипата на РК “Охрид” во ракометната супер лига.
Вечерва во 21 часот на домашен терен игра и КМФ “Бутел”.
Општина Бутел покрај поединечните ги развива и екипните спортови како никогаш претходно.
Извор: Општина Бутел