spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Меморандум за соработка со „Банка за храна“

Ѓорче Петров: Меморандум за соработка со „Банка за храна“

Општина Ѓорче Петров потпиша Меморандум за соработка со невладината ,,Банка за храна“.

Со Меморандумот се предвидуваат проекти во сферата на социјалната помош, поддршка, обезбедување храна и хигиенски средства, како и материјални средства на лицата и семејствата во социјален ризик во Ѓорче Петров.

Ќе се обезбедат донации во храна и прехранбени производи од страна на бизнис заедницата кои ќе бидат дистрибуирани до корисниците. Општината технички и логистички ќе го поддржи процесот, а ќе обезбеди и волонтери за распределба на социјалните пакети.

Целта е во рамки на заедничките можности да им се даде поддршка на лицата од социјален ризик и да ја намалиме сиромаштијата.

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје продолжува со реализација на првата фаза на големиот проект за изградба на подземната инфраструктура на новиот булевар Хрватска, која опфаќа и нова водоводна...