По завршената урбанизација, односно донесувањето на урбанистичкиот план во Калково, започна изградбата на нова – локална патна инфраструктура која е од суштинско значење за граѓаните и развојот на населеното место.
Градежните активности, во првата фаза ќе опфатат изградба на нови улици во должина од околу 800 метри и директно ќе ги подобрат условите на живот на повеќе од 40 семејства.
Заеднички го унапредуваме животот овде и ја зајакнуваме рамноправноста во локалната заедница.
Извор: Општина Валандово