spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДемир Хисар: Во посета на општината, генералниот секретар на Црвен Крст

Демир Хисар: Во посета на општината, генералниот секретар на Црвен Крст

Градоначалникот Никола Најдовски во неговиот работен кабинет оствари средба со генералниот секретар на Црвен крст на Р. Македонија, д-р Саит Саити, а во рамки на проектот ПХВ – промоција на хумани вредности, каде што се разговараше за идни нови проекти коишто се изработуваат во интерес на општествената заедница.

Саити ја поздрави агилноста, ажурноста и тимското работење од страна на ОО Црвениот крст на Демир Хисар и ја поздрави и потенцираше важноста и поддршката од градоначалникот и Општина Демир Хисар во спроведување на сите програмски активности, односно афирмацијата на хуманите вредности и иницијативи.

Согласно утврдена Агенда, градоначалникот Најдовски и генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, присуствуаа на натпреварот во футсал помеѓу средношколци од СОУ „Крсте П. Мисирков“ и Спортска академија на ФФМ во Битола за деца од средношколска возраст кој се одржа во спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар.

ПОГЛЕДНЕТЕ👈👀

Извор: Општина Демир Хисар

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...