spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Се подобрува патната инфраструктура во с. Русиново

Берово: Се подобрува патната инфраструктура во с. Русиново

Во рамките на Програмта за реконструкција на локални патишта и улици на Општина Берово,за 2021 година, денеска се асфалтира улица ,,2” во с. Русиново.
Се асфалтира улицата во должина од 95 метри, широчина 3,5 метри, со поставување на каналети за одводнување.
Реконструкцијата на оваа улица, е од големо значење за жителите на с. Русиново, ќе се подобри пристапноста на жителите и ќе добијат соодветна инфраструктура, а со тоа ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.
Средствата во износ од 589.041,00, се обезбедени од Буџетот на Општина Берово за 2021 година, во рамките на проект ,,Реконструкција на улици во с. Русиново”.

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...