spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Митески се сретна со претставници на ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“

Аеродром: Митески се сретна со претставници на ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“

Претставници од ансамблот „Никола Јонков Вaпцаров“ од Горно Лисиче, кои пред неколку дена во Турција освоија прво место за најавтентична народна носија, денеска беа поканети на средба со заменик-градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

На средбата тие ги пренесоа своите импресии од фестивалот на којшто учествуваа, разговараа за нивните идни планови, за тоа како се подготвуваат за настапите и колку многу љубов вложуваат во негувањето и зачувувањето на македонската традиција и култура.

Митески им честиташе за победата, им посака уште многу награди и им се заблагодари што достојно и гордо го претставуваат Аеродром насекаде низ светот. Тој им вети дека и во иднина Општината ќе ја продолжи соработката со нив и ќе им ја дава потребната поддршка.

„Никола Јонков Вапцаров“ е едно од најстарите културно-уметнички друштва во Општина Аеродром, но и во Скопје и дава голем придонес за развој на културата, а особено за запознавање на младите генерации со македонскиот фолклор.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...