Според ставовите на ССМ Синдикалната минимална кошница е пореален модел на пресметување на трошоците на живот.
Во 2011 година Сојузот на синдикатите на Македонија ја претстави својата Синдикалната минимална кошница, а на почетокот една просечна месечна нето плата покривала 70,6% од истата, додека пак денес, една просечна месечна нето плата покрива околу 84% од синдикалната минимална кошница.
Синдикалната минимална кошница ја пресметуваме за тип на претпоставеното четиричлено семејно домаќинство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил и вклучува седум групи
исхрана и пијалоци
домување
хигиена
превоз
облека и обувки
култура
одржување и здравје.
Многу повеќе можете да прочитате во анализата на порталот Pari.com.mk.