HomeОпштиниКуманово: Градоначалникот Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ

Куманово: Градоначалникот Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ

Во име на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка, со претставник на Здружението на граѓани ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ од Скопје, Лилјана Поповска.
Предмет на овој меморандум е соработката на Општина Куманово со ЗЕЛЕН ИНСТИТУТ, како носител на проектот “Нула биоотпад: Системски промени во партнерство со граѓаните”, во соработка со Националното здружение на сопственици на приватни шуми, поддржан со Партнерски грант ЦМ-ПГ-2 од Цивика Мобилитас, како проект на Владата на Швајцарија, што го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Целта на проектните активности е да се придонесе кон транзицијата “нула отпад” општина, преку системско подобрување на управувањето со биоотпадот, со што би се намалило загадувањето и ризиците од пожари во населбите и шумите, а би се зголемила ефикасноста на ресурсите и би се поттикнала циркуларната економија.
Проектот се спроведува во 4 пилот општини: Куманово, Берово, Кавадарци и Радовиш.

Извор: Општина Куманово

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте