ДЗС: Активно население – Резултати од Анкетата за работна сила, I тримесечје од 2019 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во I тримесечје од 2019 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 960 743 лица, од кои вработени се 789 414, а 171 329 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57.1, стапката на вработеност 46.9, додека стапката на невработеност изнесува 17.8.

Извор: Државен завод за статистика