spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Инвестираме во иднината на нашите најмили

Штип: Инвестираме во иднината на нашите најмили

Инвестираме во иднината на нашите најмили – продолжуваме со вложувања во образованието.

Започнуваме со реализација на еден од капиталните проекти за училиштето „Гоце Делчев“ во Штип.

Со 10 милиони и 700 илјади денари обезбедени преку Министерството за образование започнуваме со реконструкција и поставување енергетско ефикасна фасада во училиштето и 8 милиони денари за санација на кров. Со оваа капитална инвестиција училиштето „Гоце Делчев“ ќе добие енергетска ефикасност и значителни заштеди во потрошувачката на електрична енергија и огрев.

До сега општината во ова училиште вложи околу 6 милиони денари со кој беа санирани санитарните јазли, поставивме ограда околу училиштето, решен е и проблемот во училиштето во Три Чешми со поставување дренажа. Обезбедена е дигитална опрема, поставени се камери за сигурност на учениците, а исто така е набавен и нов училишен мебел.

Продолжуваме да инвестираме во воспитно образовните институции, вложуваме во иднината на нашите деца.

Извор: Општина Штип 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...