spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Стипендии за првачиња со попреченост

Карпош: Стипендии за првачиња со попреченост

Сите

родители на ученици со попреченост во општина Карпош, чии деца ќе бидат запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година ќе можат да аплицираат за месечна стипендија од 50 ЕУР во денарска противвредност. Основната цел е да се пружи поддршка на семејствата со деца со попреченост во надминување на трошоците поврзани со нивното школување.

 

Можност за пријавување имаат децата кои ги исполнуваат следните основни критериуми:

 

  • Да се деца со попреченост кои во учебната 2021/2022 година се запишуваат во прво одделение,
  • Да поседуваат документација за вид и степен на попреченост (Наод и мислење и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје),
  • Да се обврзат на редовно посетување на наставата, во зависност од индивидуалните можности и согласно препораките за безбедно посетување настава во услови на пандемијата КОВИД-19,
  • Да не се корисници на било каква друга стипендија доделена од било која друга институција или компанија,
  • На родителот/старателот кој аплицира во име на кандидатот за стипендија да не му е одземено родителското право.

 

Потребни документи кои треба да се приложат:

 

  • Пријава за стипендија од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Пријавата можете да ја симнете на линкот: https://bit.ly/33nbiW9;
  • Потврда од училиште за редовен ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година, со печат и потпис од училиштето;
  • Документација за вид и степен на попреченост (Наод и мислење и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје);
  • Извод од Матичната книга на родени за ученикот.

 

Станува збор за јавен повик на фондацијата „Чекор по чекор“, во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, а во соработка со здруженијата „Инклузива“ и „Хандимак“. Исто така, овој повик е резултат на соработка и со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, а финансиски е поддржан и од Европската унија.

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...