spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингАрс Луцида: Коучинг – ОНЛАЈН сесии

Арс Луцида: Коучинг – ОНЛАЈН сесии

Коучингот е патување кое ќе го збогати секој аспект од Вашиот живот, а технологијата ни овозможува истиот да го практикува ОНЛАЈН, на некој медиум кој обезбедува визуелна и аудио комуникација. Ова е бенефит кој може да биде од голема корист, посебно во вакви ограничувачки и кризни околности.

Коучинг сесиите можат да ги вклучат сите аспекти од Вашиот живот, лични и деловни; Вашите вредности, цели, работата, односите со другите, животниот баланс и секако целокупната исполнетост.

Вашите обврски во улога на клиент:

  • Бидете отворени и искрени бидејќи само така ќе може да добиете максимум од нашата работа.
  • Задржете интегритет, искреност и автентичност.
  • Ваш прв приоритет, во нашата работа, треба да биде грижа за себе. Важно е да посветите посебно внимание на целокупниот систем ум-тело-емоции.
  • Поставете големи цели.
  • Преземете одговорност за своите постапки и резултати.
  • Бидете отворени за нови можности. Експериментирајте со нови идеи. Ова понекогаш ќе оди лесно, а можеби некогаш ќе бара храброст да тргнете во непознато.

Како да добиете максимум од коучингот:

  • Бидете подготвени.
  • Искористете го коучот како ресурс но, не очекувајте одговори, тој нема да Ви каже што треба да работите. Одговори ќе најдете само во текот на коучинг програмата.
  • Уживајте во коучинг разговорите!
  • Дојдете подготвени за предизвици. Коучот се обврзува дека ќе Ве држи за збор, ќе ја почитува Вашата визија и насоченост кон целите.

Некои од придобивките кои можат да се добијат преку коучинг се: препознавање и реализирање на сопствените цели, соништа, желби, таленти; поставување на приоритети; изразување на креативноста; конструктивно размислување, управување со емоциите, ефикасно однесување; воспоставување на лични вредности, сопствена визија и мисија во животот; градење на успешни врски; стекнување на практично знаење и способности за донесување на одлуки; достигнување на рамнотежа; подобрување на перформансите, потенцијалите и ефикасноста; развивање на самодоверба; постигнување на успех на професионален план.

Вие сте личноста која ги донесува сите одлуки во текот на коучинг процесот и сте одговорен за сите акциони чекори кои се дефинираат во текот на коучинг проектот, како и за лични и деловни успеси.

Коучингот може да се примени во најразлични ситуации во кои е потребен развој на личен или на професионален план, или пак решавање на состојби и проблеми од секој аспект на живеењето, како на пример: состојби на блокада, стрес, кризи во личниот или професионалниот живот, недостиг на мотивација, проблеми при водење на тимови, конфликтни ситуации итн.

Закажете ОНЛАЈН индивидуална сесија овде:

Коучинг – ОНЛАЈН сесии

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте