spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Бесплатно изнајмува велосипеди

Аеродром: Бесплатно изнајмува велосипеди

Од завчера граѓаните можат бесплатно да изнајмат велосипед од Општина Аеродром во периодот од 8 до 16 часот секој работен ден. За таа цел, општината става на располагање 10 велосипеди пред општинската зграда, кои можат да се подигнат со оставање лични податоци и телефон за контакт на пријавницата.

„Со бесплатното изнајмување велосипеди за граѓаните, како и со повеќегодишното субвенционирање за набавка на велосипеди, сакаме да поттикнеме здрави навики кај нашите жители и да ја заштитиме животната средина“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...