Аеродром: Јавен повик за реализација на Програмата за енергетска ефикасност

ОпштиниАеродром: Јавен повик за реализација на Програмата за енергетска ефикасност
spot_img

Најчитано

spot_img
spot_img

Општина Аеродром објави јавен повик за реализација на Програмата  за енергетска ефикасност со која се предвидува кофинансирање на реконструкција на делови од станбените згради преку неколку можности, кој ќе трае заклучно со 16 јуни 2021 година.

Целта е да се постигне бараната енергетска ефикасност, како и да се обезбедат можности за енергетско здружување (енергетски задруги) на индивидуални станбени објекти (куќи). Спроведувањето на оваа програма се очекува да влијае врз состојбата на Општината на следниве начини:

  1. Обновени енергетски системи на станбените објекти во општината;
  2. Зголемена свест за потребата од енергетска заштита кај жителите и крајните потрошувачи.

„Со овој проект значително се поттикнувааат жителите на Општина Аеродром да преземат соодветни заменски активности по свој избор, со кои ќе ги намалат трошоците,а  истовремено ќе придонесат за зголемена енергетска ефикасност на ниво на цела Општина“, истакна градоначалникот Марин.

Заедниците на станари што ќе се вклучат како учесници во акцискиот план потребно е да достават пополнет Образец, кој може да се подигне во општинската зграда или да се преземе од веб-страницата на Општината – http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari најдоцна до денот на траење на Јавниот повик, заклучно со 16 јуни 2021 година. На заедницатите на станови ќе им се надомести дел од трошоците во висина определена за секоја ставка поединечно изразена во образецот, но не повеќе од 600.000,00 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Критериуми што треба да ги исполнат барателите и условите за пријавување на Јавниот повик се објавени на веб-страницата на  Општина Аеродром, односно на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/vest/6702.

Извор: Општина Аеродром 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе

spot_img
spot_img